Утрински Весник
Македонија

Ковачевски: Малкумина веруваа во тоа, но просечната плата во земјата надмина 500 евра

Премиерот Димитар Ковачевски денеска оцени дека покачувањето на платите и вложувањето во стандардот на граѓаните се политики на кои влста им останала доследна.

„Благодарение на правичните политики и одговорното владеење, ветувањето на СДСМ од 2017 година е целосно реализирано. Малку кој веруваше дека ќе имаме просечна плата од 30.000 денари. Ова ветување беше мета на критика и потсмев од опозицијата која силно се противи на растот на платите, но и покрај честите опструкции од нив – успеавме. Во време на голема економска криза сфаќаме колку се значајни овие политики. Со покачувањето на платите ги штитиме граѓаните од големиот раст на цените, а буџетот го насочуваме онаму каде е најпотребно, да обезбедиме повеќе приходи, да ги намалиме ценовните шокови и заеднички полесно да ја надминеме кризата“, напиша Ковачевски на социјалните мрежи.

Во коментарот, тој изрази благодарност на сите членови на Владата во овој и минатиот мандат кои, како што посочува, доследно и посветено работеле на остварување на ова ветување.

„Силно верувам дека граѓаните ќе ги препознаат и наградат овие политики на Владата предводена од СДСМ“, се вели во објавата на премиерот посветена на растот на просечната месечна нето-плата.

Можете да прочитате

Битиќи: Државата се соочува со потенцијален јавен долг од 13,4 милијарди евра, министерката за финансии не дојде да одговори

Тројца малолетници уапсени затоа што возеле без возачка

Возач на мотоцикл излетал од патот