Утрински Весник
Македонија

Ковачевски избран за мандатар на идната Влада

Ковачевски избран за мандатар на идната Влада

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски соопшти дека на вечераниот Централен одбор на СДСМ ја добил довербата да биде мандатар на идната Влада.

„За мене е огромна чест и одговорност што денес од ЦО на СДСМ ја добив довербата да бидам мандатар на идната Влада! Тоа е предизвик кој сум подготвен да го прифатам и посветено да работа за да ја оправдам довербата“, напиша Ковачевски на социјалните мрежи.

Седницата на Централниот одбор вечерва продолжува со избор на ново раководство, како и нови членови на Централен и Извршен одбор на СДСМ.

„СДСМ ќе се реорганизира, ќе продолжи да се демократизира и модернизира. Партијата е отоврена за вклучување на нови луѓе кои ќе ги одликуваат знаењето, чесноста и посветеноста на социјалдемократските вредности“, напиша Ковачевски.

Актуелниот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски денеска поднесе оставка од позицијата потпретседател на СДСМ, исто како и генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски, заменик на Претседателот на Владата за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси.

Ковачевски пред почетокот на седницата изјави дека „не ги дели кадрите на стари и нови, туку на оние коишто придонеле повеќе или помалку во развојот на партијата“.

„Во медиумите се појавија голем број на имиња коишто значат нешто во Социјалдемократскиот сојуз и коишто во минатото обавувале високи партиски и државни функции. Да оставиме Централниот одбор да ги донесе одлуките“, рече Ковачевски, додавајќи дека тој ќе предложи Извршен одбор каде што ќе бидат застапени 50 отсто жени и 50 отсто мажи, за да се запази родовата еднаквост за која се залага Социјалдемократскиот сојуз.

Mлади ќе бидат 33 отсто, што е исто така статутарна одредба и ќе бидат запазат сите плански региони во државата, рече Ковачевски.

 

Можете да прочитате

(Видео) Со колони знамиња прославено во Скопје Денот на албанското знаме

Јаневска: Директорот во студентскиот дом „Пелагонија“ набавил пилешко по цена од 570 денари за килограм

Ратите за новите автобуси ќе се отплаќаат од 2028 година, најавува премиерот Мицкоски