Утрински Весник
Македонија

Ковачевски: За време на Рамазан испраќаме пораки за заедништво

Премиерот Димитар Ковачевски вечерва приреди ифтар за членовите на Владата и за претставници на партиите од коалицијата, како и за претставници на Исламската верска заедница и други општествени организации, кои ја практикуваат исламската вероисповед.

Ковачевски во своето обраќање нагласи дека му е чест да ги пречека како гости за време на празничните пости, кога семејствата и пријателите се собираат како израз на меѓусебно почитување.

„Со заедничкото споделување и укажување чест во месецот кога нашите сограѓани од исламска вероисповед го празнуваат Рамазан, испраќаме порака за заедништво и подавање рака. Со заедничко споделување и празнување стануваме поблиски. Со почитување на заеднички вредности кои ја јакнат нашата заедница, успешно ќе продолжиме да го градиме нашето едно општество за сите“, нагласи Ковачевски.

Според него, тој концепт успешно се развива врз основа на почитувањето на различни верски традиции, како столб на како што рече, изградените вредносни системи на еднаквост и меѓусебен дијалог на разбирање.

Можете да прочитате

Левица: Муцунски и Мицкоски да се огласат по предлогот на Мерц

ВМРО-НП: ДПМ ќе добие претседател заговорник на великосрпската политика

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија