Утрински Весник
Македонија

Ковачевски: Дијалогот за зголемување на пензиите и новата методологија започнува утре

Ковачевски: Дијалогот за зголемување на пензиите и новата методологија започнува утре
Dik 300x250 mk

Во изјава за медиумите премиерот Ковачевски посочи дека од страна на Министерството за труд и социјална политика и другите ресорни министри е веќе закажан првиот состанок, на кој ќе се разговара за методологијата која ќе понуди одржлив и континуиран раст на пензиите во иднина. Воедно, се очекува методологијата да ја одржи постигнатата стабилност на Пензискиот фонд.

Процесот ќе се одвива низ отворен дијалог и меѓусебно разбирање на сите засегнати страни, исто како што се одвиваше и процесот врзан за покачување на минималната плата, процес што заврши во историски договор постигнат на задоволство на сите страни, истакна Ковачевски.

„Во однос на методологијата, ние имавме веќе едно покачување на пензиите, а следува и уште едно покачување, меѓутоа низ досегашните разговори и барања на асоцијациите на пензионерите, како и низ анализите што претходно беа правени, веќе се пристапи кон разговори од кои треба да произлезе нова методологија за пораст и усогласување на пензиите. Тоа е значајно затоа што на таков начин ќе може да се обезбеди континуиран и соодветен раст на пензиите бидејќи пензионерите тоа го заслужуваат“, изјави премиерот Ковачевски.

Премиерот потенцира дека веќе се прават анализи и во однос на пакет-финансиска поддршка на пензионерите земајќи предвид дека се наоѓаме во енергетска криза, која предизвикува и негативни економски последици. Анализите ќе овозможат да се дефинира како износот така и износот по разна категорија на висина на пензиите.

Можете да прочитате

Кривичен одреди притвор и куќен притвор за осомничените за лихварство и перење пари

На Табановце и Блаце за влез и излез од државава се чека до 40 минути

ДИК ги одби сите 57 приговори за првиот круг од локалните избори