Утрински Весник
Македонија

Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива на средби со жителите на селата Лисец и Шипковица

Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива на средби со жителите на селата Лисец и Шипковица

Тетово, 27 јуни 2020 (МИА) – Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива ги продолжија средбите со граѓаните како дел од предизборната кампања за парламентарните избори во 2020 година. Претседателот на Алијанса за Албанците, истовремено и носител на изборната листа на коалицијата Зијадин Села, денеска заедно со министерот за култура и  кандидат за пратеник Хисни Исмаили, и кандидатите Аднан Незири, Илире Даути, Халил Снопче, Афан Елези и Мисир Селими остварија средби со граѓаните од населбата Цетинска, како и тетовските планински села Лисец и Шипковица и ја претставија платформата на коалицијата „Држава за сите“.

За време на средбите со граѓаните, кандидатот за пратеник Хисни Исмаили истакна дека Тетово страда поради недостатокот на основните услови, па затоа според Исмаили време е да се создадат нови стандарди во здравството, економијата, образованието и така натаму.

Од друга страна Претседателот на Алијансата за Албанците, Зиадин Села, истакна дека сега е време за промени, почнувајќи од законот за фер и соодветна застапеност, економски понуди и економски развој. Претседателот Села, исто така, зборувал и за неправдите направени кон Албанците низ годините кои не се соодветно заштитени во правосудните институции. аа/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Забранета водата за пиење во четири струмички села – откриени бактерии и фекално загадување

Петковска: Во 2025 година 66 отсто од пресудите не биле јавно објавени

Петковска: Поврзувањето на првиот човек на ОЈО ГОКК со партија ја поткопува довербата