Утрински Весник
Свет

Коала предизвика судир на пет возила на автопат во Австралија

Коала предизвика судир на пет возила на автопат во Австралија

Најмалку пет возила се судриле поради коала, која се обидела да премине автопат со шест ленти во близина на Аделeјд, на југот од Австралија, соопшти полицијата.

Животното е спасено, а одделни патници во возилата се здобиле со полесни повреди, од кои ниедно лице не побарало амбулантно лекување, пренесува АП.

Коалата потоа била предадена на спасувачките екипи за диви животни, кои го ставиле животното во кафез. Во Австралија често се случуваат слични инциденти со коали, кои се дел од секојдневието на Австралијанците.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

„Гардијан“: Русија губи 6.000 војници повеќе во Украина секој месец отколку што регрутира

Во Сеута останаа 5.000 мигранти, од кои 1.500 малолетни лица

САД потпишаа договор за нафта со Венецуела