Утрински Весник
Култура

Книги за жената кои инспирираат

Книги за жената кои инспирираат

Во новоотворената книжарница „Феникс“ кај Универзалната сала во тек е акцијата „Осум дена попуст“ во чест на претстојниот празник 8 Март – Меѓународен ден на жената. На овој мал саем за читателите се избрани над 50 романи и други книги за жената кои инспирираат.

Меѓу нив се и: Локум од Јан Волкерс, Златниот кафез од Камила Лекберг, Берлин од Мајкл Мирола, Блекингегатан 32 од Лена Ајнхорн, Единаесетти роман – книга осумнаесетта од Дал Солстад, Принцезата Султана од Џин Сасон, Една мала грешка од Ема Куртис, Земјата потпевнува во Бе-мол од Мари Страчан, Нештата што ќе ги видите само кога ќе забавите од Хемин Суним, Свилангорна од Сузана Алакоски, Како го добив талентот за живеење од Родан ал Галиди, Тајна од Нермин Безмен и многу други.

Сите посетители на оваа празнична, предосмомартовска саемска презентација ќе добијат бесплатни картички од Клубот на книгата Феникс, а за купувачите има и други изненадувања во вид на подароци.

Текстот Книги за жената кои инспирираат е превземен од МАКФАКС.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“