Утрински Весник
Спорт

Клубовите во Шпанија ќе бидат казнети доколку одбијат да играат без публика

Клубовите во Шпанија ќе бидат казнети доколку одбијат да играат без публика

Барселона, 25 април 2020 (МИА) – Претседателот на Шпанската фудбалска лига Хавиер Тебас изјави дека клубовите кои не сакаат да играат пред празни трибини ќе бидат казнети со намалување на бодовите.

– Кога ќе добиеме дозвола да играме и одреден клуб не сака да ги исполнува новите услови, тогаш ќе има казни. Ќе има одземање бодови. Мораме да бидеме искрени со сите и да го завршиме шампионатот, им порача Тебас на шпанските прволигаши.

Шпанското првенство беше стопирано во март поради пандемија на коронавирус. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Русија се враќа на светските првенства во хокеј на мраз

Мбапе: Петте победи на Реал по ред не значат ништо, сакаме да победиме на секој натпревар

Ел Класико вечерва на „Камп Ноу“: Барселона за поголема предност, Реал за враќање во трката