Утрински Весник
Спорт

Клоп: Замислете да заостанувавме 14 бода зад Манчестер сити

Клоп: Замислете да заостанувавме 14 бода зад Манчестер сити

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, е среќен поради триумфот (0:2) на неговиот тим против Арсенал во одложениот натпревар од 27. коло на Премиерлигата. Сега „црвените“ се доближија на само еден бод негатива во однос на Манчестер Сити и завршницата во Англија ја направија неверојатно интересна.

„Многу сум среќен поради ситуацијата во која се наоѓаме сега. Сега сме само еден бод зад Манчестер Сити. Насмеан сум, нормално, замислете да бевме 14 бода зад главниот ривал. Но, ова ништо нема да промени, затоа што мораме да продолжиме во истиот дух да играме и понатаму. Со нетрпение ги очекуваме следните натпревари“, изјави Јирген Клоп.

Ливерпул е во серија од девет последовни победи во Премиер – лигата.

> Клоп: Замислете да заостанувавме 14 бода зад Манчестер сити <

Можете да прочитате

18 млади репрезентативци одат на светско првенство со самофинансирање – за што служи Министерството за спорт, прашува Левица

Светската џудо елита викендов ќе се натпреварува во „Јане Сандански“

Интер Мајами го освои Купот Кампеонес, Меси го постигна својот 100. гол за клубот од МЛС