Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Кличко: Влеговме во одбранбена фаза

Кличко: Влеговме во одбранбена фаза
Img 7972

Украински воени возила влегоа во Киев за да се одбранат од напредувањето на руските сили. Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, претходно изјави дека градот влегол во одбранбена фаза.

Руските проектили паднаа и денеска во Киев, на чии жители им беше кажано да подготват молотови коктели и да го бранат градот. Првите руски единици претходно влегоа во северната област Оболон во Киев. Москва тврди дека го вратила аеродромот Хостомел северозападно од градот, витална точка за планираниот напад врз градот.

„Градот е во фаза на одбрана. Летаат куршуми, во некои населби одекнуваат експлозии. Саботерите веќе влегоа во градот“, рече Кличко.

Главниот штаб на украинската армија извести дека украинските сили пружаат силен отпор на „руските окупатори“ околу Киев.

Украинското Министерство за одбрана соопшти дека украинската војска убила повеќе од илјада руски војници. Украинската војска смета дека Русите се обидуваат да воспостават коридор од Крим до сепаратистичките области во источна Украина.

Претседателот Володимир Зеленски на Твитер објави за жестоки борби на влезот во источните градови Чернихив и Мелитопол. Американските власти веруваат дека целта на Русите е да го соборат Зеленски и неговата влада.

 

Можете да прочитате

Лавина во Словенија, исчезнати се тројца хрватски планинари

За 24 часа Израел изврши 93 напади врз Појасот Газа, најмалку 70 загинати

Грета Тунберг „влечена по земја“ и „принудена да го бакне израелското знаме“ – сведоштва на активисти по акцијата во Газа