Утрински Весник
Македонија

Клиника за пластична хирургија: Во услови на ковид-19 извршени над 500 хируршки интервенции

Клиника за пластична хирургија:  Во услови на ковид-19 извршени над 500 хируршки интервенции

На Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија континуирано се одвива работниот процес и во услови предизвикани од пандемијата со ковид-19. Во периодот од крај на март, до денес се изведени над 500 хируршки интервенции, а амбулантски се прегледани повеќе од 2000 пациенти, соопшти Министерството за здравство.

„ На клиниката, во моментот, нема листи на чекање за третман на пациентите со малигни болести. На оваа клиника се лекуваат и пациенти со повреди на дланка, мекоткивни и термички повреди, состојби кога е потребен итен хируршки третман и тие се третираат на клиника како пред пандемијата, така и сега за време на ковид-19“ велат од клиниката.

На Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија во континуитет се одвива и научната работа и размената на искуства со европски и светски центри.

„ Во медицината е неопходно да се следат трендовите за третман, а тоа се прави преку размена на искуства со колегите од другите европски и светски центри. Нашата работа беше вреднувана со прифаќање четири научни труда за презентирање на досегашните искуства за третман на повреди на дланка на конгресот на Европската федерација на здруженија на дланка (FESSH), што ќе се одржи виртуелно поради актуелната ситуација со КОВИД, на почеток на септември во Базел. На овој начин, рамо до рамо со колегите од сите европски центри ќе биде и Универзитската клиника за пластична и реконструктивна хирургија. За време на овој конгрес, Македонската асоцијација за хирургија на дланка ќе стане полноправен член на FESSH“, посочуваат од клиниката.

Исто така, Универзитската клиника за пластична и реконструктивна хирургија е дел од мултицентричната студија #RSTNCOVID, чија цел е да го евидентира начинот на третман на пациенти со повреди на дланка за време на пандемијата од неа ќе произлезат препораки и насоки на клиничките патеки во иднина.

„ Во исчекување сме и на публикација на научен труд од областа на реконструкција на дланка и периферни нерви. Трудот е направен во соработка со професор д-р Оскар Азман од Медицинскиот универзитет Виена и колегите од нашата клиника. На овој начин се потврдува дека нашата клиника е референтен и етаблиран регионален центар за реконструктивна хирургија на дланка“, истакнуваат од оваа клиника.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

КАКО ДА СМЕ ЈАНУАРИ, А НЕ НОЕМВРИ: Рано утринава во Македонија измерени дури -12 степени!

И покрај ветерот повеќе градови во Македонија дишат загаден воздух – Во Кичево девет пати над дозволеното

Утринава -10: Каде беше најстудено а каде најтопло?