Утрински Весник
Спорт

Кливленд се вратија од -19 за победа над Бостон

Кливленд се вратија од -19 за победа над Бостон

Кливленд кавалирс ја остварија шестата победа во последните седум меча, откако се вратија од негатива од 19 поени за да стигнат до 91:89 триумф над Бостон селтикс по драматичниот финиш.

Дариус Гарланд постигна две слободни фрлања на 9 секунди пред крајот, за во последниот напад Денис Шродер да биде непрецизен за Селтикс. Успехот на Кливленд е поимпресивен ако се знае дека имаа заостанување од 19 поени (53:72) во третата четвртина.

Кај победниците Гарланд заврши со 22 поени, 4 скока и 6 асистенции, Иван Мобли додаде 19 поени, а Рики Рубио 16. Кај Бостон, Шредер имаше 28 поени, 4 скока и 3 асистенции.

На врвот на Источната конференција останува Вашингтон, откако со 104:92 ги победија Орландо меџик предводени од Спенсер Динвиди со 23 поени и 11 скока.

НБА РЕЗУЛТАТИ

Индијана – Филаделфија 118:113

Њу Орлеанс – Мемфис 112:101

Орландо – Вашингтон 92:104

Торонто – Детроит 121:127

Кливленд – Бостон 91:89

ЛА Клиперс – Минесота 129:102

> Кливленд се вратија од -19 за победа над Бостон <

Можете да прочитате

САД не одобрија визи за дел од стручниот штаб на Иран пред СП

ФИФА воведува големи промени при интонирањето химни на СП 2026

Јамал фудбалер на сезоната во Ла Лига