Утрински Весник
Спорт

Клатенбург: Голот на Смит-Роу е регуларен

Клатенбург: Голот на Смит-Роу е регуларен
Ss2

Манчестер јунајтед, синоќа, го совлада Арсенал со 3:2. Англиската јавност, ден по натпреварот, најмногу го анализира моментот од 13.минута, кога Смит-Роу погоди за предност на Арсенал.

Голот е контроверзен, бидејќи Смит-Роу погоди додека голманот Манчестер јунајтед, Девид Де Хеа лежеше повреден на гол-линијата.

Img 5587

Де Хеа повредата ја доби од соиграчот Фред, акцијата продолжи, судијата Мартин Еткинсин не се огласи, а Смит-Роу постигна гол.

Марк Клатенбург, еден од најдобрите англиски судииво изминатата деценија, ја поддржа одлуката на колегата.

„Голот на Смит-Роу е совршено легален. Еткинсон не можеше ништо друго да направи, мораше да го признае голот. Убаво се гледа дека Фред го фаулираше својот голман, значи фаулот не го направи играч на Арсенал. Етикнсон немаше обврска да ја застане играта. Судијата не свирна, значи мораше да го потврди голот“, рекол Клатенбург.



> Клатенбург: Голот на Смит-Роу е регуларен <

Ss1

Можете да прочитате

Рангник се откажа од жешкото столче кај Баерн Минхен

Синер: Морав да се повлечам од турнирот во Мадрид

Борусија Дортмунд си обезбеди место во ЛШ во наредната сезона