Утрински Весник
Магазин
300x250 opst2

Кијану Ривс ќе глуми во ТВ-серија „Ѓаволот во белиот град“

Кијану Ривс ќе глуми во ТВ-серија „Ѓаволот во белиот град“
300x250 opst2

Откако помина речиси четири децении на филмското платно, Кијану Ривс потпиша договор за она што ќе биде негова прва улога во ТВ-серија, а станува збор за „Ѓаволот во белиот град“ (The Devil In the White City) на „Хулу“.

Ривс (57) го потпиша договорот за да глуми во адаптацијата на историската нефикциска книга на Ерик Ларсон од 2003 година, која се врти околу ветската изложба во 1893 година, како што пренесува „Дедлајн“.

Леонардо ди Каприо и Мартин Скорсезе ќе бидат извршни продуценти на проектот, кој веќе некое време го замислуваа како игран филм.

Моментално не е јасно кого ќе глуми Ривс во серијата во која има два сосема различни ликови – архитектот Даниел Х. Бурнам и докторот Хенри Х. Холмс, вториот се смета дека е првиот сериски убиец во светот.

Можете да прочитате

Едноставна вежба открива многу: ако можете да ја направите по 45-годишна возраст вие сте во одлична форма

Пет навики што покажуваат дали сте на вистинскиот пат како родител

Дали „бјути слип“ е само мит или навистина треба да си легнуваме на време