Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Кичеец повеќе нема да може да користи олеснувања, префрлен е во полуотвореното одделение во струшкиот затвор

Апелација му ја потврди тригодишната затворска казна на Кичеец за „Рекет“
300x250 opst2

Осудениот во случајот „Рекет“, Зоран Милески – Кичеец е префрлен од отвореното во полуотвореното одделение во Затворот Струга.

Тоа значи дека тој повеќе нема да може да ги користи олеснувањата кои ги добиваат сите осудени лица во отворените одделенија, информираат од Управата за извршување на санкции.

Причина за ваквата одлука е новата кривична постапка која се води против Милески, а со која тој се сомничи дека ја предизвикал сообраќајната несреќа што се случи кај Стража пред десетина дена.
 
Со ова решение Милески ќе продолжи да ја издржува затворската казна и ќе биде достапен за истражните органи.

Можете да прочитате

Димитриевски: Куманово прераснува во регионален економски центар

Филипче: Со Вачно Митев да го вратиме Зрновци на патот на развојот

Симонов: Приоритет е енергетски ефикасна општина и борба против регионална депонија