Утрински Весник
Македонија

Кичевското Муфтиство бара од верниците да се почитуваат одлуките на Владата

Кичевското Муфтиство најави отворање на џамиите, заштитни мерки за време на верските обреди

Кичево, 5 јуни 2020 (МИА) – После повторното враќање на полицискиот час во земјата се огласи Кичевското Муфтиство, кое бара од верниците од овој регион да ја почитуваат одлуката на Владата .

-Во согласност со одлуката на Владата во Република Северна Македонија за воведување на полициски час како во другите така и во нашиот град Кичево со околните места, кој денеска ќе почне во 16 часот до 5 часот, потоа сабота и недела исто така од 16 часот до 5 часот, поради ширењето и растот на бројот на заразени од вирусот Ковид-19, И.В.З. односно Муфтиството во Кичево ве известува дека нема да се обавуваат сите редовни верски обреди во џамија, освен (Џума намаз- денеска) петочната мопитва и пладневните молитви кои ќе се одвиваат во џамија, додека езаните ќе ги викаат само муезините за секое време на молитва. Со цел да го заштитиме нашето здравје и да спречуваме ширење на вирусот Ковид-19, треба многу внимателно да ги почитуваме заштитните мерки во секоја џамија се вели во соопштението на Муфтиството во Кичево. рз/бк/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Шекеринска ги обедини СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во чест на историскиот успех

Македонски автобус вечерва се излизга од автопат и удри во банкина во Србија

Мицкоски: Се надевам дека деновиве ќе имаме друга позиција од банките, целта е што пониска камата за бизнисот