Утрински Весник
Македонија

Кичевски печалбари од Виена донесоа хуманитарна помош за социјално загрозени семејствата

Кичевски печалбари од Виена донесоа хуманитарна помош за социјално загрозени семејствата

Кичево, 10 април 2020 (МИА) – Кичевското хуманитарно здружение од Виена, поддржано од многу кичевчани кои живеат и работат во Австрија, собра 6.500 евра и подготви 180 пакети со храна, кои ќе бидат дистрибуирани во Кичево и околните места.

Координаторот на оваа хуманитарна помош Башкими Бајрами, во координација со локалните заедници, вели дека пакетите треба да стигнат до социјално загрозени семејства, на кои им е потребна помош во овие тешки моменти поради состојбата со коронавирусот. рз/ир

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Избувна пожар кај Морани – 24info.mk

Средба на министерот Муцунски со сенаторот Петер Велч во Вашингтон

Од протестот во Скопје: Барања за одговорност за полицијата, обвинителството и центрите за социјална работа