Утрински Весник
Македонија

Кичевка фатила крадец на дело, тој ја нападнал ѝ го украл велосипедот и побегнал

Вчера во 10.00 часот на ул.„Прилепска“ во Кичево, полициски службеници од Полициската станица Кичево го лишиле од слобода Б.Б.(20) од Битола.

dobivaj vesti na viber

Тој се сомничи дека околу 02.30 часот со метален предмет ја нападнал И.И.(68) од Кичево.

Според пријавеното, И.И. го забележала Б.Б. како претура во метален шкаф пред влезната врата од нејзиниот дом, кој потоа ја нападнал со метален предмет, по што одзел велосипед и побегнал.

И.И. била пренесена во Медицински центар Кичево за укажување лекарска помош, а по преземени мерки Б.Б. бил пронајден и лишен од слобода и од него биле одземени предмети кои потекнуваат од кривичното дело.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

Судот ги доставил сите податоци: Македонија подготвена за екстрадиција на Никола Груевски

Полициска акција во Скопје: Еден мотоциклист лишен од слобода за безобѕирно возење

На почеток на сезоната се копа во срцето на Охрид