Утрински Весник
Македонија

Кичевец фатен со 38 пакувања хероин

Кичевската полиција денеска во пладневните часови го уапсила Ф.И. 30-годишен дилер од овој град.

Како што информираат од МВР, по претходно добиени оперативни сознанија, на улицата Прилепска во Кичево бил запрен мотоцикл управуван од 30-годишникот, при што кај него биле пронајдени 38 паковки со хероин и три паковки со марихуана наменети за продажба.

Против Ф.И. ќе биде поднесен соодветен поднесок до надлежното обвинителство.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Одбележување на Светската недела на вселената

ЛДП: НЕ за субвенционирање на гориво за соседите, ДА за поврат на ДДВ за македонските граѓани и бизниси

ДОМ: Антимонот не смее да биде „стратешки” изговор за прескокнување на процедурите