Утрински Весник
Македонија

Кичевец обвинет за непочитување на самоизолација

Кичево прогласен за град на културата во 2020 година

Скопје, 20 март 2020 (МИА) – Жител на Кичево се вратил од Австрија и потпишал дека 14 дена нема да излегува од дома, но при полициска контрола него не го пронашле на адресата која ја пријавил.ОЈО Кичево предлага казна од 4.000 евра.

ЈО соопшти дека обвинетиот на 15 март влегол во Република Северна Македонија од Република Австрија при што бил упатен на препораките за заштита од заразна болест Ковид 19 и потпишал изјава за самоизолација.

-При проверка на полициските службеници на 17 март, а потоа и на 19 март обвинетиот не бил затекнат во својот дом. Со тоа, лицето го сторило кривичното дело – непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик, информираат од ЈО.

За стореното кривично дело, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кичево до Основниот суд во Кичево поднел предлог за издавање казнен налог против обвинетото лице со предлог судот да изрече парична казна во висина од 4000 евра во денарска противвредност.​ бк/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ утре во посета на Македонија

Давкова ќе ги додели наградите за иновација, лидерство и влијание во ИТ екосистемот „Women in Tech® Macedonia Awards”

Битиќи ја прозва министерката за финансии: „Фејсбук не е место за правдање на долгови“