Утрински Весник
Свет

Киргистанската влада функционира во посебен режим

Киргистанската влада функционира во посебен режим

Киргистанската влада продолжи да функционира во посебен режим поради социо-политичките процеси што се водат во републиката, објави прес- службата на Кабинетот на министри, пренесува ТАСС.

Кабинетот на министри ги повика сите учесници во политичкиот процес да дојдат до мирно решавање на ситуацијата.

„Сите прашања треба да се решат на легален начин во корист и за безбедноста на нашиот народ и просперитет на земјата. Владата функционира во режим за итни случаи, специјализираните државни тела работат на обезбедување на јавна безбедност и навладеење на правото“, се посочува во соопштението.

Во меѓувреме, точната локација на членовите на владата не се споменува.

Киргистан ги одржа парламентарните избори на 4 октомври на кои гласаа 56 отсто од 3,5 милиони регистрирани гласачи. Вкупно шеснаесет партии се бореа за 120 места во парламентот.

Според прелиминарните податоци, само четири партии го поминаа прагот од седум отсто за влез во парламентот. Официјалните резултати се очекуваат пред 24 октомври.

Во понеделникот вечерта, демонстрантите кои не се согласуваа со изборните резултати, ја зазедоа зградата на парламентот, во која се наоѓаат и администрацијата на претседателот, канцеларијата на градоначалникот и канцеларијата на генералниот обвинител.

 

 

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Шефот на турската дипломатија се залага за заедничка одбранбена платформа на земјите од Блискиот Исток

Најмалку 78 убиени во напад на дрон врз џамија во Судан

Британската МИ6 ќе ја користи темната мрежа за регрутирање агенти и пристап до тајни