Утрински Весник
Култура

Кино на отворено од 10 до 13 јули во дворот на Кинотека

Кино на отворено од 10 до 13 јули во дворот на Кинотека

Кинотека утре започнува со летната кино програма на отворено, во дворот на оваа културна установа, на која до 13 јули ќе бидат прикажани четири современи европски филмови.

Програмата започнува со проекција на македонскиот филм – добитник на престижната награда LUX Prize за најдобар европски филм за 2019 – „Господ Постои, името ѝ е Петрунија“, во режија на Теона Стругар Митевска.

На 11 јули ќе биде прикажан филммот „Гостин“, на 12 јули „Земјата под моите нозе“, а на 13 јули „Сонот на Катрина“. Проекциите ќе почнуваат во 21 часот, а цената на билетот е 100 денари.

Сите посетители ќе треба да се придржуваат до препораките за заштита од Ковид – 19:

• Задолжителна дезинфикација на рацете при влез во дворот и објектот;
• Задолжително носење на маска или заштита преку устата и носот;
• Задолжително одржување на дистанца додека се следи проекцијата;
• Пушењето за време на проекција е непожелно;
• Забрането е внесување на пијалоци (алкохолни и безалкохолни).

Општина Карпош ги информира жителите од околните згради, дека за време на кино – проекциите ќе биде изгаснато уличното осветлување на дел од улицата „Никола Русински“, со цел подобра реализација на летната кино програма.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“