Утрински Весник
Македонија

Кинеските вакцини ќе стигнат до крајот на февруари, најави Заев

Кинеските вакцини ќе стигнат до крајот на февруари, најави Заев
Dik 300x250 mk

До крајот на следната седмица премиерот Зоран Заев очекува да стигнат договорените 200.000 дози од кинеските вакцини.

Тој уверува дека вакцинирањето, кое ќе почне в среда со вакцините што ни ги отстапи Србија, нема да прекинува оти додека се потрошат српските количини премиерот Заев очекува да стигнат и кинеските вакцини.

„Кинеската вакцина е во постапка на договарање. Ветувањето е дека ќе стигне до крајот на февруари, но секој ден порано за нас е важен. Додека се имплементираат 4680 вакцини од Србија, а верувам дека ќе се реализираат и останатите до 8000 согласно трипартитниот договор меѓу нас, Република Србија и ’Фајзер’, ќе стигнат и кинеските вакцини за процесот континуирано да тече. Ги очекуваме од крајот на оваа седмица до крајот на следната седмица кое е и крајот на месецот“, рече денес премиерот Заев.

Првата најава од Заев за кинеските вакцини беше дека тие ќе стигнат меѓу 10 и 15 февруари, а потоа почна да го пролонгира рокот за ниво пристигнување. Договорот за набавка на кинеските вакцини министерот за здравство Венко Филипче го потпиша минатиот понеделник. Тој не кажа колку пари е кинеската вакцина оти договорот го обврзувал на тајност.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Ред,чистота и култура. Орце е вистинскиот избор за Скопје, порачува Мицковски

ЗНМ: Осуда за заканите кон новинарот Исмаили

Приведен 49-годинишен тетовец по објавите со закани на социјалните мрежи