Утрински Весник
Свет

Кинескиот амбасадор до британската влада – „Оние што си играат со оган може да изгорат“

Кинескиот амбасадор  до британската влада – „Оние што си играат со оган може да изгорат“

Кинескиот амбасадор во Велика Британија, Џенг Зегуанг, ги повикал британските политичари „да не играат како што им свири САД“ и најавил „тешки последици“ доколку британските пратеници стапнат во Тајван, пренесуваат светските агенции.

dobivaj vesti na viber

Говорејќи на прес-конференција во Лондон во вторникот, кинескиот амбасадор ја потсетил британската влада на заедничката изјава што двете земји ја потпишаа во 1972 година, кога почнаа да разменуваат амбасадори, пишува лондонскиот весник „Гардијан“.

Неговите коментари дојдоа откако претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси, ја започна контроверзната посета на Тајван, остров кој Кина го смета за своја суверена територија.

Пелоси изјави дека целта на нејзината посета е да покаже солидарност со Тајван, иако официјален Пекинг упати низа предупредувања и закани во врска со нејзината посета.

Кинеското Министерство за одбрана соопшти дека Народноослободителната армија на Кина е ставена во „висока готовност“.

Пекинг, исто така, најави серија насочени воени операции, вклучително и ракетни тестови во водите источно од Тајван и четиридневни поморски маневри околу островот веднаш по заминувањето на Пелоси.

Кинескиот амбасадор во Велика Британија, Џенг Зегуанг, предупреди дека мешањето во внатрешните работи на Кина неизбежно ќе доведе до тешки последици за односите меѓу Кина и Велика Британија.

„Ја повикуваме британската страна да се придржува до заедничката изјава, да не ја потценува екстремната чувствителност на тајванското прашање и да не ги следи чекорите на САД. Како што реков, оние што си играат со оган може да изгорат“, изјавил амбасадорот Женг Зегуанг, пренесуваат светските медиуми.

Можете да прочитате

Трамп ќе патролира со Националната гарда по улиците на Вашингтон: Сега сите се безбедни

Ким Џонг-ун одржа церемонија во чест на загинатите војници кои се бореа за Русија против Укрина

Гардијан: Податоците на ИДФ покажуваат дека пет од шест убиени Палестинци во Газа се цивили