Утрински Весник
Свет

Кина ја одобри петтата вакцина против коронавирус

Кина ја одобри петтата вакцина против коронавирус

Вакцината против Ковид-19, развиена од Институтот за микробиологија на Кинеската академија на науките (ИМЦАС), доби зелено светло за итна употреба во Кина, соопшти Институтот во понеделникот, со што е одобрена петтата вакцина во Кина која ги исполнува условите за одредена употреба.

Последната фаза на клинички испитувања е во тек и нема достапни податоци за безбедноста или ефикасноста на вакцината.

Оваа вакцина се дава во три дози, со разлика од еден месец.

Како и другите кинески вакцини, може да се чува на нормални температури во фрижидер.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Унгарски министер со години споделувал доверливи информации од ЕУ со Русија

Дали Јапонија ќе испрати воени бродови во Персискиот залив?

Либанскиот претседател ги осуди нападите врз земјата, стравува од инвазија