Утрински Весник
Свет

Кина со предуредување до САД: Сателитските снимки нема да ви кажат колку нуклеарки имаме

Кина со предуредување до САД: Сателитските снимки нема да ви кажат колку нуклеарки имаме

Претставникот на кинеското Министерство за надворешни работи Фу Конг ги повика САД да не го оценуваат кинескиот нуклеарен арсенал врз основа на сателитски снимки.

„ Обидите да се користат сателитски снимки за да се открие каков нуклеарен арсенал има Кина се несериозни за САД“, изјави Фу, директор на одделот за контрола на оружјето, пренесува РИА Новости.

Неколку американски медиуми минатата година објавија дека Кина гради силоси за интерконтинентални балистички ракети на најмалку три локации, а „Вашингтон Тајмс“ тврди дека таков заклучок е донесен во разузнавачките извештаи врз основа на сателитски снимки направени во 2021 година.

Според извештаите на американските медиуми, американските власти велат дека во трите ракетни бази ќе бидат распоредени 350 до 400 нуклеарни проектили со долг дострел.

Сепак, кинескиот весник „Женмин Зибао“ објави, повикувајќи се на кинески воени експерти, дека американските аналитичари погрешно процениле дека темелите за турбините на ветер се силоси за интерконтинентални балистички ракети.

Можете да прочитате

Виткоф и Кушнер пристигнаа во Москва

Бројот на издадени рецепти во САД за слабеење за деца зголемен за 300 пати во споредба со 2019 година

Бесент ги идентификуваше украинските напади врз Русија како една од причините за глобалните енергетски шокови