Утрински Весник
Свет
Img 7972

Кина сака да биде домаќин на преговорите меѓу Израел и Палестинците

Кина сака да биде домаќин на преговорите меѓу Израел и Палестинците
Dik 300x250 mk

Кина денес објави дека е активно вклучена во посредувањето во насока на ставање крај на насилството меѓу Израел и Палестинците.

Кинескиот специјален пратеник на Блискиот Исток, Џаи Јун разговараше со претставници на палестинското и египетското Министерство за надворешни работи, а исто така ќе разговара со претставници на Израел, Русија, Обединетите нации, Европската Унија и други страни, изјави портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Џао Лиџен, пренесува АП.

Според неговите зборови, пратеникот повика на итен прекин на огнот, ветувајќи им помош на Палестинците и повторувајќи ја цврстата определба на Кина за решение за двете држави.

Портпаролот додаде дека Пекинг би сакал да биде домаќин на преговорите меѓу двете страни во Кина и дека е подготвен да обезбеди хуманитарна и други видови помош на палестинската страна во рамките на своите можности.

Можете да прочитате

Израел нема да го отвори граничниот премин Рафах

Русија им предаде на САД декласифицирани советски документи за атентатот на Кенеди

Во Индија загинаа 20 патници откако се запали автобус