Утрински Весник
Свет

Кина: Повеќето делови од ракетата ќе изгорат во атмосферата

(Видео) Пентагон: САД не планираат да ја соборат кинеската ракета која неконтролирано кружи околу Земјата

Повеќето делови од кинеската ракета која неконтролирано кружи околу Земјата ќе изгорат кога ќе влезе во атмосферата, но екстремно малку е веројатно дека ќе предизвика штета, изјави денеска портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Ванг Венбин, пренесе „Ројтерс“.

Делови од ракетата „Лонг марч 5Б“, која минатата недела го лансираше првиот кинески модул за планираната вселенска станица „Тијанхе“, најверојатно ќе паднат во меѓународните води, објави кинескиот „Глобал тајмс“, поради загриженост дека деловите може да предизвикаат штета при влегување во атмосферата.

Претходно беше речено дека ракетата се очекува да падне околу 10 мај.

Можете да прочитате

Иран во писмо до ОН ги нарече американските санкции „економски тероризам“

Уште еден нафтен танкер погоден од непознат проектил во Ормуската Теснина

Долгоочекуваното судење на наводниот организатор на нападите од 11 септември закажано за 2028 година