Утрински Весник
Свет

Кина: Мешањето во работите на другите земји е лошо за угледот

Кина: Мешањето во работите на другите земји е лошо за угледот

Кинеското Министерство за надворешни работи денеска реагираше на коментарот на американскиот претседател Џозеф Бајден, кој рече дека секоја земја што ја поддржува руската инвазија на Украина ќе биде „заеднички обележана“.

Пекинг верува дека земјите кои ќе се мешаат во внатрешните работи на другите ќе бидат тие што ќе го „оцрнат“ нивниот углед, изјави на прес-конференција портпаролот на кинеското Министерство Ванг Венбин, пренесува Ројтерс.

Вчера Кина повика на разговори кои ќе ја решат кризата во Украина, без директно да го спомене и критикува воениот напад на Русија, со обвинувања дека Вашингтон и неговите сојузници ја влошиле ситуацијата, пренесе АП.

Можете да прочитате

„Гардијан“: Русија губи 6.000 војници повеќе во Украина секој месец отколку што регрутира

Во Сеута останаа 5.000 мигранти, од кои 1.500 малолетни лица

САД потпишаа договор за нафта со Венецуела