Утрински Весник
Свет

Кина забрани влез на патници од Белгија и Велика Британија и воведе двојно тестирање

Кина забрани влез на патници од Белгија и Велика Британија и воведе двојно тестирање

Кина забрани влез на патници од Велика Британија и Белгија и постави строги стандарди за тестирање за посетителите од САД, Франција и Германија поради зголемениот број на заразени со коронавирус во тие земји.

Кинеската амбасада во Велика Британија вчера објави дека властите привремено го блокирале влезот на некинески државјани кои патуваат од Велика Британија, дури и ако имаат важечки визи и дозволи за престој, пишува „Ројтерс“.

Слично соопштение објави и кинеската амбасада во Белгија, која најави забрана за патување во Кина од таа земја.

Дополнително, од 6 ноември, сите патници од САД, Франција и Германија мора да направат двоен тест, ПЦР -тест и тест за антитела, пред да влезат во Кина. Слично барање ќе важи од 8 ноември за патниците од Австралија, Сингапур и Јапонија.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Зеленски се обрати до нацијата: Се браниме кај Харков, во Доњецк е исклучително тешко

Хамас потврди дека починал уште еден од заложниците киднапирани за време на нападот врз Израел

Силен земјотрес го стресе Азербејџан