Утрински Весник
Свет

Кина го засили тестирањето на замрзната храна по случаите на Ковид-19

Кина го засили тестирањето на замрзната храна по случаите на Ковид-19

Кина го засили тестирањето на замрзната храна откако повеќе пати откри коронавирус на увезени производи и нивно пакување, што пак предизвика масовни испитувања на храна и персонал, суспензија на одреден увоз и нарушување на трговскиот проток.

Како резултат на тоа, Кина го прекина увозот на стоки од 99 добавувачи од 20 земји, со цел да се спречи внесувањето на вирусот во земјата, сепак, големите земји за производство на храна стануваат сè пофрустрирани од кинеската контрола врз увезените производи, пренесува „Ројтерс“.

Иако се смета дека коронавирусот од кинескиот град Вухан се проширил низ целиот свет, кинескиот „Глобал тајмс“ изрази сомневање дека присуството на вирусот од увезената храна може да биде доказ дека вирусот дошол во Кина од странство.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

 „Брисел ја уништува демократијата во Европа“ – Маск со повик земјите членки да ја напуштат ЕУ

Суд во Флорида ѝ наложи на Тесла да плати 243 милиони долари отштета за фаталната несреќа со автопилот

Oграничена употребата на мобилни телефони во училиштата во Финска