Утрински Весник
Свет

Кина воведе санкции за 11 американски државјани

Кина воведе санкции за 11 американски државјани

Кина воведе санкции за 11 државјани на САД, како одговор на воведените сакции врз 11 официјални претставници од Хонгконг и Кина кои се обвинети дека ги ограничуваат политичките слободи во поранешната британска колонија Хонгконг.

Меѓу оние на кого се однесуваат санкциите се и сенаторите Тед Круз, Марко Рубио, Том Котон, Пет Томеј, како и претставникот Крис Смит.

„Како одговор на лошото однесување на Америка, Кина одлучи да наметне санкции врз поединци кои се однесуваа лошо во врска со Хонгконг“, рече портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Жао Лијиан.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Најмалку едно лице загина, петмина се повредени во рускиот напад врз Киев

Израел нападна болница во Газа, хирург меѓу загинатите

Украинците погодија моќен руски воен брод