Утрински Весник
Свет

Кина воведени санкции кон 28 лица од администрацијата на Трамп

Кина воведе санкции за 11 американски државјани

Кина воведе санкции за 28 лица од Америка, вклучително и официјални лица од поранешната администрација на Трамп, обвинувајќи ги за кршење на кинескиот суверенитет. Меѓу оние на кои им беа изречени санкции е и Мајк Помпео, пренесува Блумберг.

Како што наведуваат, причината за тоа се „бесмислени постапки со кои опасно се вмешале во внатрешните работи на Кина“, објави кинеското Министерство за надворешни работи.

„Овие лица и членови на нивните семејства не можат да влезат на територијата на Кина, Хонг Конг и Макао. Исто така, на нивните компании, институции поврзани со овие лица, им е забрането да имаат какво било деловно работење со Кина”, се вели во соопштението на Министерството.

Кина ја објави оваа информација по инаугурацијата на новиот американски претседател Џо Бајден.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Шеф на американскиот антитерористички центар поднесе оставка: Не ја поддржува војната со Иран

Убиен Али Лариџани, еден од најмоќните луѓе во Иран

Новата апликација на ЕУ треба да го намали застојот на аеродромите