Утрински Весник
Свет

Кина бара од СAД да престанат да се мешаат во нивните внатрешни интереси

Кина бара од СAД да престанат да се мешаат во нивните внатрешни интереси

Кинеското Министерство за надворешни работи објави дека САД треба веднаш да престанат да се мешаат во нејзините внатрешни работи, откако претседателот на тибетската централна управа (ЦТА), лидер на тибетската влада во егзил, Лобсанг Сангај, се состана со службеник на американскиот Стејт департмент во Вашингтон.

Сангај минатата недела се сретна со американскиот специјален координатор за Тибет и истакна дека е првпат шефот на ЦТА да биде примен во Стејт департментот, објави Ројтерс

„Кина ќе ги преземе сите неопходни мерки за да ги заштити интересите на својата земја“, рече портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Џао Лиџианг на прес-конференција.

Опишувајќи го Сангеј како антикинески сепаратист, Џао рече дека Соединетите држави треба да ги прекинат сите официјални контакти со него.

Состанокот испрати сериозно погрешен сигнал до тибетските сили за независност, посочи тој.

„Соединетите држави треба веднаш да престанат да го користат прашањето за Тибет како мешање во кинеските внатрешни работи“, заклучи Џао.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

По 20 години, уапсен е еден од најбараните бегалци по кои ФБИ имаше издадено потерница

Интерпол уапси повеќе од 1.000 осомничени за кибер криминал во Африка

На сила стапи договорот за прекин на огнот во Либан