Утрински Весник
Свет

Ким Џонг Ун ѝ го честиташе јубилејот на британската кралица Елизабета Втора

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун ѝ го честиташе на британската кралица Елизабета Втора 70-тиот јубилеј на тронот.

Министерството за надворешни работи на Северна Кореја на својата веб-страница објави дека Ким во пораката им честитал на кралицата и на Британците, но не соопшти повеќе детали, пренесува АП.

Северна Кореја и Британија воспоставија дипломатски односи во 2000 година и одржуваа амбасади и покрај постојаниот пад на билатералните односи.

Односите на Северна Кореја со Западот се влошија во последните години бидејќи Пјонгјанг го забрза развојот на нуклеарно оружје.

Северна Кореја ја критикува Британија за поддршката на меѓународните санкции против Пјонгјанг воведени поради нејзините нуклеарни амбиции и состојбата со човековите права.

Можете да прочитате

Трамп: Путин ме разочара – 24info.mk

Зеленски: Ослободивме 160 квадратни километри и седум населени места во Доњецкиот регион

Два украински дрона нападнале голем руски петрохемиски комплекс