Утрински Весник
Спорт

Кимих постави рекордот во Баерн по истрчани километри

Баерн го доби дербито со Борусија Дортмунд, Ноер прослави јубилеј

Минхен, 27 мај 2020 (МИА) – Одбранбениот фудбалер на Баерн Минхен, Џошуа Кимих постави клупски рекорд, објави „Opta“.

Дваесет и петгодишен Германец на натпреварот од 28. коло од Бундеслигата против Борусија одигран вчерашвечер во Дортмунд, истрча 13,73 км. Кај играчите на баварскиот клуб ова е најголем резултат во дадената статистичка категорија.

Воедно, Кимих го постигна единствениот гол на натпреварот по кој Баерн ја зголеми предноста во однос на Борусија Дортмунд на врвот на табелата на седум бода.

Оваа сезона Кимих има 39 натпревари на сите натпревараувања, постигнато четири гола и направено шест асистенции. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина