Утрински Весник
Спорт

Кимих од Баерн бара нов договор и поголема плата

Кимих од Баерн бара нов договор и поголема плата

Џошуа Кимих, сам ќе преговара со Баерн Минхен околу новиот договор. 26-годишниот фудбалер, ја раскинал соработката со агенцијата „fair-sport GmbH”. Кимих, од Баерн ќе побара плата каква што имаат најплатените фудбалери во тимот.

„Оваа одлука ја донесов минатата година. Верувам дека сам можам да се застапувам на најдобра можен начин“, рекол Кимих.

„Билд“, тврди дека Кимих сака што поскоро да знае каква е неговата иднина во Баерн, иако неговиот актуелен договор истекува во јуни 2023 година.

Иако, има големо влијание во играта на Баер, Кимих, според платата не е меѓу првите пет фудбалери.

Најголема плата во Баерн има Роберт Левандовски, то месечно заработува 1,7 милиони евра. Веднаш до Левандовски е Мануел Нојер, а повеќе од Кимих заработуваат Лирој Сане, Томас Милер и Лукас Ернандез.

Џошуа Кимих е играч на Баерн од 2015 година. Баварците за неговиот трансфер на Штутгарт им платија 8,5 милиони евра.

> Кимих од Баерн бара нов договор и поголема плата <

Можете да прочитате

Герасимовски: Конечно Работнички се враќа на шампионските патеки

Ливерпул крева раце од Алонсо, ќе бара нов наследник на Клоп

Поранешниот селектор на Кина призна дека примил 10 милиони евра мито