Утрински Весник
Магазин

Кимберли Чен возвраќа на критиките дека во бикини шетала кучиња

Кимберли Чен возвраќа на критиките дека во бикини шетала кучиња
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Австралиската пејачка Кимберли Чен привлече доста внимание во 2019 година, но не за нејзината музика.

Кимберли, која моментално живее во Тајван, минатата година сподели фотографии на кои се гледа дека таа шета во бикини на железничка станица заедно со своите кучиња. Некои корисници на социјалните мрежи ја критикува „облеката“ како несоодветна, додека други ѝ дадоа комплименти за нејзината фигура.

А минатата недела, во онлајн интервју за сингапурските медиуми во рамки на промоцијата на нејзините најнови синглови, пејачката одговори на коментарите за фотографиите .

“Ги носев моите кучиња на пливање, па облеков костим за пливање. Секој сака да го стави акцентот на моето тело, мислам дека е срамота … Сакав да пливам, не можам ли да носам бикини кога одам на пливање? “, рече 26-годишната пејачка.

На прашањето дали коментарите на таблоидите и на нетџиите влијаеле на тоа како се облекува сега кога ги шета своите кучиња, таа одговори: “Дали има проблем со облеката што ја носам? Зошто треба да обраќам внимание на тоа што носам?”

Извор: Makfax

Можете да прочитате

OpenAI воведе годишен преглед на активностите за корисниците на ChatGPT

Крај на една ера: На последниот ден од 2025 година, се гаси MTV

Почина Брижит Бардо – 24info.mk