Утрински Весник
Спорт

Киелини се опорави по кинењето на лигаментите

Киелини се опорави по кинењето на лигаментите

Торино, 23 април 2020 (МИА) – Дефанзивецот на Јувентус, Џорџо Киелини закрепна од повредата, пренесува „Ил Кориере дело Спорт“.

Триесет и петгодишниот Италијанец се подложи на операција откако ги скина предните вкрстени лигаменти на десното колено и не влезе на теренот од август 2019 година.

Се очекува фудбалерот да биде целосно во функција на тимот кога Серија А ќе продолжи.

Јувентус планира да го продолжи договорот со Киелини до 2022 година. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Ел Класико вечерва на „Камп Ноу“: Барселона за поголема предност, Реал за враќање во трката

Шкендија и Вардар ремизираа – 24info.mk

Азија ја поддржи кандидатурата на Инфантино