Утрински Весник
Свет

Киев: Русија и се заканува на цела Европа со своите акции во Чернобил

Киев: Русија и се заканува на цела Европа со своите акции во Чернобил

Вицепремиерката на Украина Ирина Верешчук ја обвини Русија за „неодговорни“ дејствија во зоната околу централата во Чернобил, која таа ја окупираше и од која, како што наведе, радијацијата може да се прошири во поголемиот дел од Европа.

Верешчук рече дека руските сили ја „милитаризираат“ забранетата зона околу централата, каде што се случи најголемата нуклеарна катастрофа во светот во 1986 година, и ги повика Обединетите нации да испратат таму мисија за проценка на ризикот, пренесува Ројтерс.

Според украинската функционерка, руските сили превезуваат големи количини старо и лошо одржувано оружје низ забранетата зона, што создава ризик од оштетување на заштитната обвивка изградена околу уништениот четврти реактор на електраната.

Можете да прочитате

Трамп: ЕУ има рок до 4 јули за трговскиот договор, во спротивно следуваат повисоки царини

Шпанската полиција заплени рекордни 30 тони кокаин на товарен брод

Смртоносен вирус на крузер – експертите велат нема опасност од глобално ширење