Утрински Весник
Свет

Киев потврди: Сите членови на екипажот на урнатиот авион беа Украинци

Сите членови на екипажот на украинскиот транспортен авион Антонов-12 што се урна во северна Грција се украински државјани, соопшти денеска портпаролот на украинското Министерство за надворешни работи, Олег Николенко.

dobivaj vesti na viber

Тој на својот Фејсбук профил изјави дека прелиминарната причина за несреќата во која загинаа сите членови на екипажот е дефект на еден од моторите. Николенко додаде дека по инструкции на министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, е формиран оперативен штаб во Конзулатот на Украина во Солун.

Украинските конзули веќе пристигнаа на местото на несреќата и соработуваат со спасувачите и припадниците на грчката полиција со цел да се утврдат сите околности на инцидентот, изјави Николенко.

Можете да прочитате

Украинците погодија руска рафинерија – 24info.mk

Зеленски најави напади врз руските рафинерии. „Нема веќе ограничувања“

Самит на ЕУ: Скапата енергија ги притиска европските лидери, се бараат итни мерки пред зимата