Утрински Весник
Свет

Киев: Мировен договор најрано за една недела

Киев: Мировен договор најрано за една недела

Олексиј Арестович, советник на шефот на кабинетот на Владимир Зеленски, рече дека мировниот договор меѓу Русија и Украина може да биде постигнат најрано за една до две недели, а најдоцна во мај.

„ Мислам дека треба да постигнеме мировен договор најдоцна до мај, а можеби и многу побрзо“, рече Арестович, пренесе РИА Новости.

Четвртата рунда преговори меѓу Русија и Украина се одржа вчера преку видео-конференција.

По разговорите, украинскиот преговарач Михаил Подољак изјави дека е направена техничка пауза, а преговорите ќе продолжат денеска.

Можете да прочитате

Објавен транскрипт од разговор меѓу Сијарто и Лавров 

Трамп: Ако има договор, сами ќе го земеме збогатениот ураниум

Здружение од странски компании во Украина обработуваат 275.000 хектари земја