Утрински Весник
Свет

Кејт Мидлтон објави досега невидена фотографија од кралицата и принцот Филип

Кејт Мидлтон објави досега невидена фотографија од кралицата и принцот Филип
Img 5587

Британското кралско семејство во средата на својот официјален профил на Твитер објави досега невидена фотографија од кралицата Елизабета Втора и починатиот принц Филип со своите правнуци. Фотографијата ја сними војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон, во замокот Балморал во 2018 година.

На фотографијата, малиот принц Џорџ стои на левата страна на кралицата, а принцот Луис седи во нејзиниот скут.

Ss1

Савана Филипс позираше веднаш зад принцезата Шарлота, која седи покрај војводата од Единбург. Десно од него е Исла Филипс која ја држи Лена Тиндал, а Миа Тиндал стои десно.

На принцот Филип, кој почина минатиот петок на 99-годишна возраст, се присетија и принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт, кои исто така споделија заедничка фотографија со кралицата и војводата од Единбург во јавноста.

Нивната фотографија исто така е снимена во Балморал, но во 2015 година, а на неа војводата од Кембриџ ја држи раката на неговиот син, принцот Џорџ, додека принцезата Шарлота е во прегратката на војвотката.

„Денес го паметиме како татко, дедо и прадедо“, пишува на твитер-профилот на Кенсингтон ројал.

И принцот Чарлс и неговата сопруга Камила објавија две фотографии во спомен на Филип. На едната, војводата и младиот Чарлс играат поло, а на другата, Филип стои помеѓу принцот од Велс и војвотката од Корнвол.

Ss1

Можете да прочитате

Детали од пропаднатиот мировен договор меѓу Русија и Украина: „Киев да гарантира трајна неутралност, а Москва да не напаѓа“

Силно торнадо во Кина, најмалку 5 загинати и многу повредени

„Смрт за Америка и Израел“: Хутите тврдат дека собориле американски борбен дрон