Утрински Весник
Спорт

Кејн бара трансфер, Сити, Јунајтед и Челси веќе го контактирале!

Кејн бара трансфер, Сити, Јунајтед и Челси веќе го контактирале!

Најдобриот фудбалер на Тотенхем, Хери Кејн уште еднаш побарал од клубот да замине ова лето, а за со неговите претставници веќе контактирале од премиерлигашките ривали Манчестер јунајтед, Манчестер сити и Челси, тврди британскиот „Скај спорт“.

Кејн неколку пати оваа сезона изјави дека би сакал да се бори за најголемите трофеи, и по кошмарната сезона на Тотенхем, излезот според „Скај спорт“ е повеќе од веројатен.

Кејн би сакал да остане во Премиер лигата, што остава простор за Сити, Јунајтед и Челси да почнат со наддавање за услугите на англискиот капитен пред Европското првенство ова лето. Кејн би сакал ситуацијата да се реши пред првенството.

Кејн е најдобар стрелец во Премиер лигата со 22 гола досега, а исто така е лидер и по бројот на асистенции со 13, но уште нема освоено ниту еден трофеј, со два порази во Карабао купот и еден во Лигата на шампионите.

Бидејќи неговиот договор трае до летото 2024 година, Тотенхем имаат простор да преговараат за висок, а можеби и рекорден трансфер.

> Кејн бара трансфер, Сити, Јунајтед и Челси веќе го контактирале! <

Можете да прочитате

Норвешка побара истрага од ФИФА за наградата за Трамп

ЕХФ отвори истрага за наводни расистички навреди на реваншот во Охрид

Турците доминираа од првата минута, Македонија поразена со 4:0