Утрински Весник
Магазин

Кетрин Зета-Џонс објави фотографија од нејзината ќерка Карис

Кетрин Зета-Џонс објави фотографија од нејзината ќерка Карис

Познатата холивудска двојка Кетрин Зета-Џонс (50) и Мајкл Даглас (75) имаат две деца, ќерката Карис (17) и синот Дилан (19), а сега гордата мајка објави фотографија на социјалните мрежи и покажа како изгледа нејзината ќерка, која израсна во вистинска убавица.

Карис Даглас повеќе не е мало девојче, а нејзината мајка Кетрин Зета-Џонс објави фотографија од својата ќерка со зборовите:

„Мојата девојка во градината“, напишала актерката во описот на фотографијата на која нејзината ќерка позира во бело летно фустанче.

Фановите на славното семејство изјавија дека 17-годишната девојка е иста како нејзината мајка и дека ја наследила нејзината убавина.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Костадинов ќе стане татко – го очекуваат синот Никола

Синчето на Борко Ристовски најде 500 евра во маркет – мајката Нина го бара сопственикот

Бугати направи велосипед – поскап е од нов семеен автомобил