Утрински Весник
Спорт
Img 7972

Кенијците владеат на 800 метри – Злато и сребро во Токио

Кенијците владеат на 800 метри – Злато и сребро во Токио
300x250 opst2

Емануел Корир и Фергусон Черијот Ротич, ја прдолжија доминацијата на Кенија на трките на 800 метри. Од Пекинг во 2008 година, златниот медал во оваа дисциплина го освојуваат атлетичарите од оваа држава. Зад Кенијците се пласираша Полјакот, Павел Додек.

Трката од почетокот ја водеше Австралиецот Бол, на крајот беше жртва на сопственото темпо и заврши на четвртото место.

Корир, тргна во напад на Бол, на 100 метри до целта, додека неговиот сонародник, Ротич, имаше пеколен финиш, во последните 20 метри ги претча Добек и Бол.

Корир во целта имаше време 1:45.06 минути, а Ротич 1:45.23.

Полјакот, Додек (1:45.39), инаку актуелен европски првак во сала, го забележа најголемиот успех во кариерата.

Во финалето на 800 метри, настапи и Амел Тука од Босна и Херцеговина, тој трката ја заврши на шестото место.

> Кенијците владеат на 800 метри – Злато и сребро во Токио <

Можете да прочитате

Англија ја победи Летонија и обезбеди учество на СП 2026

Барди со мајсторски потег ја спаси вечерта – Македонија ремизира со Казахстан!

Барселона ќе ја чека пекол во Битола – влезниците продадени за осум минути