Утрински Весник
Спорт

Кедира може да го пропушти остатокот од сезоната поради повреда

Јуве ќе му плати на Кедира да го напушти клубот

Торино, 19 јуни 2020 (МИА) – Играчот од средниот ред на Јувентус, Сами Кедира може да ги пропушти преостанатите натпревари од сезоната поради повреда, јавија италијанските медиуми.

Претходно, „Јуве“ на својата официјална веб-страница објави дека на Германецот му бил дијагностициран оштетување на тетивата на десната нога.

Триесет и тригодишниот Кедира има одиграно 18 натпревари за Јувентус на сите натпреварувања оваа сезона.

Исто така, се посочува дека дефанзивецот Алекс Сандро може да не игра три недели до еден месец. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Двајца тенисери се повлекоа од Олимпијадата во Париз

Австралија најуспешна нација во првиот ден на ЛОИ 2024

И второто злато на ОИ 2024 за Кина