Американската академија за филмска уметност и наука го објави официјалниот список на номинации за наградата „Оскар“, во кој се наоѓа и филмот „Кво вадис, Аида?“ на босанската режисерка Јасмила Жбаниќ.
Филмот на Жбаниќ за настаните во Сребреница е номиниран во категоријата најдобар странски филм, заедно со филмовите „Уште една тура“ од Данска, „Подобри денови“ од Хонгконг, „Колектив“ од Романија и „Човекот што си ја продаде кожата“ од Тунис, пренесува АП.
Оваа година церемонијата на Оскарите ќе се одржи на 25 април.
Номинациите за Оскар беа објавени преку видеоповик од Лондон од страна на актерката Пријанка Чопра и пејачот и актер Ник Џонас.
Филмот „Кво вадис, Аида?“ е номиниран и за две награди БАФТА, во категоријата најдобар режисер и најдобар странски филм, наведува босанскиот портал Кликс.
Наградите БАФТА се закажани за 11 април.
Текстот „Кво вадис, Аида?“ на Јасмила Жбаниќ во трката за Оскар, објавени и другите номинации е превземен од МАКФАКС.