Утрински Весник
Спорт

Квартараро на пол-позицијата во Херез, Маркез се откажа

Квартараро на пол-позицијата во Херез, Маркез се откажа

Фабио Квартаро од Петронас Јамаха ќе стартува од пол-позицијата на утрешната трка за Големата награда на Андалузија. Победникот на првата трка во сезоната во квалификациите го имаше најбрзиот круг 1:37.007 минути.

Успешниот ден за Јамаха го надополни возачот на фабричкиот тим Маверик Вињалес го забележа второто најбрзо време 1:37.102 минути.

Одлични квалификации, најдобри во неговата кариера имаше Пеко Бањана од Прамак Дукати. Италијанецот ќе стартува од третата позиција.

Вториот и третиот ред го комплетираа Валентино Роси, Мигел Оливеира, Франко Морбидели, Џек Милер, Така Накагами и Бред Биндер.

Актуелниот светски првак Марк Маркез шест дена по несреќата што ја имаше и четири ден по операцијата на надлактицата се појави на патеката во Херез. Шпанецот возеше на третиот и четвртиот тренинг, меѓутоа се откажа во квалификациите 1 по само еден извозен круг.

По завршувањето на квалификациите, првиот човек на Репсол Хонда Алберто Пуџ објави дека Маркез нема да ја вози утрешната трка.

Трката за Големата награда на Андалузија в недела ќе започне во 14 часот.

> Квартараро на пол-позицијата во Херез, Маркез се откажа <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Кристијано Роналдо ја игра последната сезона

Бабунски промаши пенал, Струга ТЛ победи во дербито на колото

Дарио Ивановски го освои 46.то место на маратонската трка на ЕП