Утрински Весник
Спорт

Квалификациски меч одложен поради обид за пуч, Мароканците „заглавија“ во Гвинеја

Квалификациски меч одложен поради обид за пуч, Мароканците „заглавија“ во Гвинеја

ФИФА потврди дека мечот од квалификациите за Светското првенство во 2022 помеѓу Гвинеја и Мароко, закажан за 6 септември, е откажан по обидот за пуч во земјата-домаќин.

Според повеќе светски медиуми, во Гвинеја во тек е воен удар, со извештаи за престрелки на улиците на престолнината, Конакри, каде што требаше да се одигра мечот.  ФИФА не одреди термин за одложениот меч, посочувајќи дека „политичката и безбедносната ситуација во Гвинеја е нестабилна“.

Според француските медиуми, мароканската репрезентација се наоѓа во Конакри, а нивниот селектор, Вахид Халилхоџиќ за „Л’Екип“ потврди дека се слушаат „пукотници речиси цел ден“.

> Квалификациски меч одложен поради обид за пуч, Мароканците „заглавија“ во Гвинеја <

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина